Friday, May 15, 2015

Топкапи Сарај (турски:Topkapı Sarayı) е музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиската империја во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно море, блиску црквата Света Софија. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче. Палатата претставувала место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот, а денеска претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Денеска, Топкапи Сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот. Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во спосокот на светско и културно наследство на Турција, како најдобар пример од комплекси некогаш изграден во времето на Османлиите.

Константинопол Топкапи Сарај бил изграден врз византиски дворец, кој претставувал центар на византиското управување. Камените и столбовите кој останале од византиската палата биле искористени за изградба на дел од Топкапи. Денеска сеуште се чува и е под заштита системот кој користел за снабдување на вода во дворецот. Во една од дворовите се наоѓа и кадата односно местото каде биле крштевани дел од византиското царско семејство.
Изградба Изградбата на палатата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II, кој претходно во 1453 година го освоил Константинопол. Во превод, Топкапи Сарај значи “Дворец на топовските врати“, бидејќи бил изграден на местото каде претходно се наоѓале главните порти на градот, кои биле разрушени по падот во 1453 година од страна на отоманските топови. Палатата како во времето на Константинопол, така и но неговото зазимање, претставувал стратешко место, главно поради тоа што од три страни објектот се наоѓа опколен со вода. Кон морето биле изградени високи ѕидини, а на на останатата, опсадни ѕиднини, долги 1400 метри, наречени "Сур-и Султани". На врвот од својата моќ на Отоманската Империја, палатата претставувала еден вид на мал град, во кои живееле 4.000 луѓе. Во тоа време, палатата покривала поголем дел, за разлика од денес (700.000 m²). Со текот на времето, комплексот постојано бил прошируван. една од најголемите реконструкции на палатата била по земјотресот во Цариград во 1509 година и големиот пожар во 1665 година. Во текот на 17 век, палатата започнала да ја губи својата важност, бидејќи султанот својата главна резиденција ја префрлил во Долмабахче покрај Босфорот. Така, голем дел од историските богатства биле префрлени во новата палата. По распаѓањето на Отоманската Империја во 1921 година, Топкапи Сарај со државен декрет во 1924 година била претворена во музеј под директива на Министерството за култура и туризам. Денеска, овде се наоѓаат повеќе од 12.000 експонати како кинески порцелани, 900 јапонски порцелани, килими главно од Персија. Карактеристики Палатата претставува комплекс која се состои од четири главни дворови, со стотина простории и најразлични градби на простор од 592,600 m². Во неа се наоѓаат џамија, болница, пекара и ковачница. Само делумно најважните простории се отворени за јавноста, а останатите се строго забранети за посетителите. Самиот комплекс се обезбедува од страна на вооружените сили на турската армија.


Порти Султанската порта или Bâb-ı Hümâyûn, води кон првиот двор во кој пак се наоѓале главната администрација. Првиот двор е заграден од високи ѕидини и исто така е познат и како дворот на јаничарите.Во вториот двор се влегува преку т.н. Врата на поздравот или Bâb-üs Selâm, каде се наоѓала т.н. империјална сала или софа. Т.н. Чиста врата водела кон третиот дворец, каде се наоѓал харемот (Harem-i Hümayûn), како и приватните простории на султанот и приватните школи за семејството (enderun). Во четвртиот дел, попат се наоѓа голем балкон кој гледа кон Босфорот, и ова било местото каде султнот го поминувал забавниот дел од животот.Освен тоа што палатата претставува одличен пример за отоманската архитектура, во неа се наоѓаат и вредни примероци од султанските гардероби, мебел, голема количина на порцелан, оружје, илуминатски ракописи, калигрифи и фрески и слично.
Кула на праведноста Кулата на правдата (Adalet Kulesi) се наоѓа помеѓу Султанскиот совет и Харемот. Кулата е највисоката градба во дворецот, што ја прави јасно видлива од Босфорот како ознака за местото. Кулата била изградена веројатно првично во времето на Мехмед II, а потоа обновена од Сулејман I меѓу 1527-1529 година. Султан Махмуд II го обновил светилникот на кулата во 1825 година.Кулата ја симболизира вечната будност на султанот против неправдата. Кулата била користена и од страна на султанот за свои потреби изадоволства.


Харем Султанскиот харем претставувал дел од палатата посветен за приватниот живот на султанот. Овој дел бил дом на мајката на султанот, осносно Велиде султан, жените на султанот, слугинките, како и остатокот од неговото семејство. Самиот харем се состои од серија на згради и градби, поврзани со ходници помеѓу себе и дворови. Секоја служела односно била поставена според хиерархијата на управување. Овој дел содржи повеќе од 100 соби, и денеска се сите отворени за посетителите. Голем дел од собите на харемот биле дизајнирани од страна на големиот отомански архитект Мимар Синан.